тас
Значење на тас:
Длабок метален сад со различна намена: а) Длабока метална чинија или метален сад за црпење вода. Црпеше вода со тасот и се поливаше. б) Метален сад на кантар. Го стави овошјето во едниот тас, а во другиот тас почна да реди од теговите. в) Послужавник во кој се оставаат парични прилози во црква. По службата оставаше неколку пари во тасот. г) Метален берберски сад. Држејќи го тасот со сапуницата стоеше покрај мајсторот кој бричеше еден муштерија.Множина: тасови.
Изведени зборови:
- тасче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
тас, мн. тасови м. Длабок метален сад со различна намена: а) Длабока метална чинија или метален сад за црпење вода. Црпеше вода со тасот и се поливаше. б) Метален сад на кантар. Го стави овошјето во едниот тас, а во другиот тас почна да реди од теговите. в) Послужавник во кој се оставаат парични прилози во црква. По службата оставаше неколку пари во тасот. г) Метален берберски сад. Држејќи го тасот со сапуницата стоеше покрај мајсторот кој бричеше еден муштерија. ‖ тасче, мн. тасчиња ср. дем.