татко

Именка, машки род

Значење на татко:

1. Мажот родител, мажот во однос на сопствените деца. Неговиот татко беше многу строг. Татко ѝ имаше фурна во градот. Таа сестра му беше само по татко.

2. Предок. Тие се борат храбро како нивните татковци. Делата на нашите татковци не смеат да се заборават.

3. (прен.) Творец, основач, зачетник. Тој се смета за татко на новиот правец во уметноста.

4. (прен.) Тој што се однесува, што се грижи како вистински татко. Тој им е и татко и мајка на тие напуштени деца.

5. При фамилијарно обраќање, тате. Ти татко се крепиш?

Множина: татковци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Духовен татко – 1. свештеник. 2. лице што воспитува, што влијае врз формирањето на нечии погледи, идеи. Градски татковци – градски одборници, општински советници. Каков татко, таков син – синот е таков како што го воспитал таткото. Од татко на син – од поколение на поколение се пренесува нешто како трајно, семејно наследство.

Оригинални податоци:

татко, мн. татковци м. 1. Мажот родител, мажот во однос на сопствените деца. Неговиот татко беше многу строг. Татко ѝ имаше фурна во градот. Таа сестра му беше само по татко. 2. Предок. Тие се борат храбро како нивните татковци. Делата на нашите татковци не смеат да се заборават. 3. (прен.) Творец, основач, зачетник. Тој се смета за татко на новиот правец во уметноста. 4. (прен.) Тој што се однесува, што се грижи како вистински татко. Тој им е и татко и мајка на тие напуштени деца. 5. При фамилијарно обраќање, тате. Ти татко се крепиш? ◊ Духовен татко – 1. свештеник. 2. лице што воспитува, што влијае врз формирањето на нечии погледи, идеи. Градски татковци – градски одборници, општински советници. Каков татко, таков син – синот е таков како што го воспитал таткото. Од татко на син – од поколение на поколение се пренесува нешто како трајно, семејно наследство.