таван
Значење на таван:
1. Горната, хоризонтална внатрешна страна на една просторија; плафон. Собата беше со ниски тавани. Резбарен таван.
2. Просторот под покривот; поткровје. На таванот постилаше слама и потоа ги редеше крушите.
Множина: тавани.
Изведени зборови:
- тавански, прид. таванскиот Таванска соба. Тавански греди.
Оригинални податоци:
таван, мн. тавани м. 1. Горната, хоризонтална внатрешна страна на една просторија; плафон. Собата беше со ниски тавани. Резбарен таван. 2. Просторот под покривот; поткровје. На таванот постилаше слама и потоа ги редеше крушите. ‖ тавански, таванскиот прид. Таванска соба. Тавански греди.