театар

Именка, машки род

Значење на театар:

1. Вид уметност во која драмскиот текст се претвора во сценска изведба пред публика со учество на актери, со примена на сценографија и др. Тоа ги опфаќа сите гранки на уметноста, литературата, театарот, ликовната и музичката уметност. Театар на апсурдот.

2. Објект, зграда во која се даваат театарски претстави. Секоја недела оди на театар. Македонски народен театар. Куклен театар.

Множина: театри.

Фразеолошки израз / поговорка:

Прави театар – се однесува како на сцена, глуми, драматизира.

Оригинални податоци:

театар, мн. театри м. 1. Вид уметност во која драмскиот текст се претвора во сценска изведба пред публика со учество на актери, со примена на сценографија и др. Тоа ги опфаќа сите гранки на уметноста, литературата, театарот, ликовната и музичката уметност. Театар на апсурдот. 2. Објект, зграда во која се даваат театарски претстави. Секоја недела оди на театар. Македонски народен театар. Куклен театар. ◊ Прави театар – се однесува како на сцена, глуми, драматизира.