театрален
Значење на театрален:
1. Што се однесува на театарска игра, на глума, што е поврзан со театар; драмски. Театрални дејства. Театрален јазик.
2. (прен.) Што е неприроден, вештачки. Тој раскажуваше со патетичен тон и театрална поза. Театрален гест. Театрален извик.
Членувана форма: театралниот.
Изведени зборови:
- театрално, прил. Се насмевнува театрално. Театрално ме поздрави. Тој театрално им се поклони пред да почне да зборува.
- театралност, и. ж.
Оригинални податоци:
театрален, театралниот прид. 1. Што се однесува на театарска игра, на глума, што е поврзан со театар; драмски. Театрални дејства. Театрален јазик. 2. (прен.) Што е неприроден, вештачки. Тој раскажуваше со патетичен тон и театрална поза. Театрален гест. Театрален извик. ‖ театрално прил. Се насмевнува театрално. Театрално ме поздрави. Тој театрално им се поклони пред да почне да зборува. ‖ театралност ж.