тече 1

Глагол, несвршен

Значење на тече:

1. а) За истечна вода ‒ непрекинато слободно се движи во определен правец. Покрај патот тече река. Низ долината течеше одвај чујно кривулесто поточе. б) За друг вид течност што може така да се движи. Истуреното млеко течеше по масата. По улицата течеше нафта.

2. За течност или течна маса ‒ се движи непрекинато. Водата бавно течеше низ цевките од парното греење. Низ неговите вени течеше благородна крв.

3. Излегува течност од цевка, крвен сад, орган и сл.; истечува. Од цевката течеше студена планинска вода. Од бурето течеше расолница. Му течеше крв од раката. Течат солзи од мајкините очи. Тече пот низ неговото чело. На детето му течеа лиги.

4. Пропушта вода, течност поради некој недостаток, дефект и сл. Бурето е старо, тече. Чешмата тече. Чевлите ми течат. Од покривот течеше во собата.

5. (прен.) За време, временски период ‒ поминува. Животот течеше обично. Последните години течеа без крупни настани. Од петок тече рокот за жалба.

6. (прен.) За мисла, зборови, процес и сл. ‒ се ниже, се одвива едноподруго, непрекинато, без пречки. Мислите му течеа, убаво зборуваше. Потоа разговорот течеше помирно. Ќе видиме како тече работата. Погребот течел без церемонии.

7. Се смета, почнува да важи. Каматата тече од склучувањето на договорот. Пензијата ќе тече од следниот месец.

Коњугација: текле, текоа , текол , течат , тече , течеа , течејќи , течел , течен , течете , течеше , течи .

Изведени зборови:

  • течење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тече1, течат; течи, течете; течеше, течеа; течел; течен; течејќи; тече, текоа; текол, текле несв. 1. а) За истечна вода ‒ непрекинато слободно се движи во определен правец. Покрај патот тече река. Низ долината течеше одвај чујно кривулесто поточе. б) За друг вид течност што може така да се движи. Истуреното млеко течеше по масата. По улицата течеше нафта. 2. За течност или течна маса ‒ се движи непрекинато. Водата бавно течеше низ цевките од парното греење. Низ неговите вени течеше благородна крв. 3. Излегува течност од цевка, крвен сад, орган и сл.; истечува. Од цевката течеше студена планинска вода. Од бурето течеше расолница. Му течеше крв од раката. Течат солзи од мајкините очи. Тече пот низ неговото чело. На детето му течеа лиги. 4. Пропушта вода, течност поради некој недостаток, дефект и сл. Бурето е старо, тече. Чешмата тече. Чевлите ми течат. Од покривот течеше во собата. 5. (прен.) За време, временски период ‒ поминува. Животот течеше обично. Последните години течеа без крупни настани. Од петок тече рокот за жалба. 6. (прен.) За мисла, зборови, процес и сл. ‒ се ниже, се одвива едноподруго, непрекинато, без пречки. Мислите му течеа, убаво зборуваше. Потоа разговорот течеше помирно. Ќе видиме како тече работата. Погребот течел без церемонии. 7. Се смета, почнува да важи. Каматата тече од склучувањето на договорот. Пензијата ќе тече од следниот месец. ‖ глаг. им. течење ср.