течен
Значење на течен:
1. Што тече, што е во состојба на течност. Течен восок. Течен сапун. Течна материја.
2. (прен.) За мисла, говор, стил и сл. ‒ јасен, разбирлив, прецизен. Течен и мелодичен стих. Течен народски говор.
Членувана форма: течниот.
Изведени зборови:
- течно, прил. Кон зн. 2. Зборува течно. Песната ја прочита течно.
Оригинални податоци:
течен, течниот прид. 1. Што тече, што е во состојба на течност. Течен восок. Течен сапун. Течна материја. 2. (прен.) За мисла, говор, стил и сл. ‒ јасен, разбирлив, прецизен. Течен и мелодичен стих. Течен народски говор. ‖ течно прил. Кон зн. 2. Зборува течно. Песната ја прочита течно.