тефтер
Значење на тефтер:
1. (арх.) Голема подврзана тетратка, книга за евиденција на нешто. Беговски тефтери. Црковни тефтери.
2. (разг.) Тетратка за некаква евиденција и сл., бележник.
Множина: тефтери.
Изведени зборови:
- тефтерче, и. ср. (разг.) кон зн. 2.
Фразеолошки израз / поговорка:
Запише некого во црниот тефтер ‒ стави некого на список, забележи некого како сомнителен, непожелен, лош. Алваџиски тефтер ‒ сп. алваџиски.
Оригинални податоци:
тефтер, мн. тефтери м. 1. (арх.) Голема подврзана тетратка, книга за евиденција на нешто. Беговски тефтери. Црковни тефтери. 2. (разг.) Тетратка за некаква евиденција и сл., бележник. ◊ Запише некого во црниот тефтер ‒ стави некого на список, забележи некого како сомнителен, непожелен, лош. Алваџиски тефтер ‒ сп. алваџиски. ‖ тефтерче, мн. тефтерчиња ср. (разг.) кон зн. 2.