тегли
Значење на тегли:
1. а) Влече запрежна кола; вози, движи нешто влечејќи го по себе. Коњите тешко теглеа по калливиот пат. б) Пренесува товар влечејќи го по земја или носејќи го. Некои растовараат, а некои теглат големи греди. Секојдневно тегли по неколку вреќи цемент.
2. а) Трга кон себе. За грбот го теглеше татко му, сакајќи да му го сврти вниманието. б) Држи некого или нешто со рака и го присилува да се движи; влече.
3. Трга, влече, растегнува. Ја теглеше жицата на инструментот.
4. Вади, извлекува нешто од некаде. Ја тегли сабјата и му се заканува.
5. (прен.) Трпи, страда, се мачи. Затоа што сме такви, постојано си теглиме.
6. (прен.) Привлекува, мами. Душата го теглеше на слободен простор, каде што се синееше небото.
7. (дијал.) Тргнува, поаѓа на пат. Утре рано теглиме в град.
Коњугација: теглат.
Изведени зборови:
- се ~ тегли, 1. в. се трга. 2. Се двоуми, се колеба. Тој се теглеше, зашто не е така лесно од занаетот да се откаже. 3. Е тежок, мачен, неподнослив. Сиромаштијата не се теглеше.
- теглење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
тегли, теглат несв. 1. а) Влече запрежна кола; вози, движи нешто влечејќи го по себе. Коњите тешко теглеа по калливиот пат. б) Пренесува товар влечејќи го по земја или носејќи го. Некои растовараат, а некои теглат големи греди. Секојдневно тегли по неколку вреќи цемент. 2. а) Трга кон себе. За грбот го теглеше татко му, сакајќи да му го сврти вниманието. б) Држи некого или нешто со рака и го присилува да се движи; влече. 3. Трга, влече, растегнува. Ја теглеше жицата на инструментот. 4. Вади, извлекува нешто од некаде. Ја тегли сабјата и му се заканува. 5. (прен.) Трпи, страда, се мачи. Затоа што сме такви, постојано си теглиме. 6. (прен.) Привлекува, мами. Душата го теглеше на слободен простор, каде што се синееше небото. 7. (дијал.) Тргнува, поаѓа на пат. Утре рано теглиме в град. ● се ~ 1. в. се трга. 2. Се двоуми, се колеба. Тој се теглеше, зашто не е така лесно од занаетот да се откаже. 3. Е тежок, мачен, неподнослив. Сиромаштијата не се теглеше. ‖ глаг. им. теглење ср.