тегне

Глагол, несвршен

Значење на тегне:

1. а) Со влечење прави нешто да стане подолго или пошироко; растегнува, развлекува. Не ги тегни ракавите. б) Трга, влече. Таа му го тегнеше палтото со раката. Почна да ги тегне бројаниците.

2. а) Влече запрежна кола; вози, движи нешто влечејќи го по себе. Како што ја тегнеме сега колата, така го влечеме и ралото. б) Пренесува товар влечејќи го по земја или носејќи го; тегли. в) Држи некого или нешто со рака и го присилува да се движи; тегли, влече. Луѓето ги тегнеа поводите и воловите. Влезе низ вратичето тегнејќи го по себе за узда коњот.

3. Истегнува дел од телото. Го тегнеше вратот за да види подобро.

4. Повлекува со тргање. Го тегне за коса. Го тегне за уши.

5. Се движи. Тие тегнеа еден до друг забрзувајќи го одењето.

6. Завлекува, одолжува. Келнерот почна да го тегне кусурот небаре низ заби.

7. Вовлекува, влече навнатре. Почнаа нервозно да тегнат дим од запалената цигара.

8. Трга, влече кон себе. Сопствениците ја тегнеа големата алка за да ја затворат тешката врата. Ја тегнеа ортомата нагоре за да го извлечат.

9. Привлекува, влече, мами. Срцето го тегнеше кон неа. Нешто ја тегнеше назад дома.

10. Кине, трга, разјадува. Однатре нешто го тегнеше, го кубеше срцето. 1Тежи, натежнува. Тешка оморина тегнеше над долчето. 12. а) Носи со себе ваму, таму. Нè тегнеа наваму-натаму, ни ветуваа ова-она, ама цело време само нè лажеа. б) Земе, поведе со себе. Повеќето остануваа и после си ја тегнеа фамилијата. 13. Извлекува од нешто. Тие тегнеа сламка за да одлучат.

Коњугација: тегнаа , тегнав , тегнал , тегнат, тегнат , тегнеа , тегнев , тегнејќи , тегнел , тегнење , тегнет , тегнете , тегни .

Изведени зборови:

  • се ~ тегне, 1. Се оттргнува, се истргнува. Таа му се тегне од рацете, вика, моли, но тој ја влече упорно. 2. Се истегнува, протегнува. Работниците чувствуваа некаква мрзеливост и се тегнеа на сонцето. Таа се буди, се тегне и го отвора прозорецот. 3. Се извива, се протега. Меѓу синкавите глогови и шипови грмушки се тегнеше широкиот коњски пат. Колоната пред него се тегнеше во бескрајот. Дим се тегнеше по сртот. 4. Се одолжува, споро изминува. Времето се тегнеше. Неговите зборови се тегнеа. Разговорот се тегнеше. 5. Се шири. По неговото чело се тегнеа две брчки.
  • тегнење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тегне, тегнат; тегни, тегнете; тегнев, тегнеа; тегнел; тегнет; тегнејќи; тегнење; тегнав, тегнаа; тегнал; тегнат несв. 1. а) Со влечење прави нешто да стане подолго или пошироко; растегнува, развлекува. Не ги тегни ракавите. б) Трга, влече. Таа му го тегнеше палтото со раката. Почна да ги тегне бројаниците. 2. а) Влече запрежна кола; вози, движи нешто влечејќи го по себе. Како што ја тегнеме сега колата, така го влечеме и ралото. б) Пренесува товар влечејќи го по земја или носејќи го; тегли. в) Држи некого или нешто со рака и го присилува да се движи; тегли, влече. Луѓето ги тегнеа поводите и воловите. Влезе низ вратичето тегнејќи го по себе за узда коњот. 3. Истегнува дел од телото. Го тегнеше вратот за да види подобро. 4. Повлекува со тргање. Го тегне за коса. Го тегне за уши. 5. Се движи. Тие тегнеа еден до друг забрзувајќи го одењето. 6. Завлекува, одолжува. Келнерот почна да го тегне кусурот небаре низ заби. 7. Вовлекува, влече навнатре. Почнаа нервозно да тегнат дим од запалената цигара. 8. Трга, влече кон себе. Сопствениците ја тегнеа големата алка за да ја затворат тешката врата. Ја тегнеа ортомата нагоре за да го извлечат. 9. Привлекува, влече, мами. Срцето го тегнеше кон неа. Нешто ја тегнеше назад дома. 10. Кине, трга, разјадува. Однатре нешто го тегнеше, го кубеше срцето. 11. Тежи, натежнува. Тешка оморина тегнеше над долчето. 12. а) Носи со себе ваму, таму. Нè тегнеа наваму-натаму, ни ветуваа ова-она, ама цело време само нè лажеа. б) Земе, поведе со себе. Повеќето остануваа и после си ја тегнеа фамилијата. 13. Извлекува од нешто. Тие тегнеа сламка за да одлучат. ● се ~ 1. Се оттргнува, се истргнува. Таа му се тегне од рацете, вика, моли, но тој ја влече упорно. 2. Се истегнува, протегнува. Работниците чувствуваа некаква мрзеливост и се тегнеа на сонцето. Таа се буди, се тегне и го отвора прозорецот. 3. Се извива, се протега. Меѓу синкавите глогови и шипови грмушки се тегнеше широкиот коњски пат. Колоната пред него се тегнеше во бескрајот. Дим се тегнеше по сртот. 4. Се одолжува, споро изминува. Времето се тегнеше. Неговите зборови се тегнеа. Разговорот се тегнеше. 5. Се шири. По неговото чело се тегнеа две брчки. ‖ глаг. им. тегнење ср.