тегоба
Значење на тегоба:
1. Непријатно чувство, мачнина, мачнотија. Здравствени тегоби.
2. Психичка потиштеност, загриженост. Почувствува неисплакана тегоба. Душевна тегоба.
3. Товар, бреме, тежина. Сета куќна тегоба легна на неа. Оди поднаведнат, искривен од годините и тегобите.
4. Мака, страдање. Не воделе сметка за народот и за неговите тегоби. Тие ги имаа почувствувано тегобите на ропството.
Множина: тегоби.
Оригинални податоци:
тегоба, мн. тегоби ж. 1. Непријатно чувство, мачнина, мачнотија. Здравствени тегоби. 2. Психичка потиштеност, загриженост. Почувствува неисплакана тегоба. Душевна тегоба. 3. Товар, бреме, тежина. Сета куќна тегоба легна на неа. Оди поднаведнат, искривен од годините и тегобите. 4. Мака, страдање. Не воделе сметка за народот и за неговите тегоби. Тие ги имаа почувствувано тегобите на ропството.