технички
Значење на технички:
1. Што се однесува, што припаѓа на техниката. Технички развиток. Техничка опрема. Техничка лабораторија. Технички средства.
2. Што се однесува на знаењата на техниката, на вештината и способноста за извршување на некоја работа. Технички цртеж. Техничко мајсторство. Технички начин. Техничка можност. Технички грешки.
3. Што го врши тековниот, рутинскиот дел од работата. Техничка служба. Технички кадар. Технички секретар.
Членувана форма: техничкиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Технички нокаут ‒ (спорт.) судиски прекин на боксерски натпревар поради физичка неспособност на еден од натпрева-рувачите, по кој противникот се прогласува за победник. Техничка влада ‒ влада што не е избрана од народот и која треба да спроведе фер и демократски избори.
Оригинални податоци:
технички, техничкиот прид. 1. Што се однесува, што припаѓа на техниката. Технички развиток. Техничка опрема. Техничка лабораторија. Технички средства. 2. Што се однесува на знаењата на техниката, на вештината и способноста за извршување на некоја работа. Технички цртеж. Техничко мајсторство. Технички начин. Техничка можност. Технички грешки. 3. Што го врши тековниот, рутинскиот дел од работата. Техничка служба. Технички кадар. Технички секретар. ◊ Технички нокаут ‒ (спорт.) судиски прекин на боксерски натпревар поради физичка неспособност на еден од натпрева-рувачите, по кој противникот се прогласува за победник. Техничка влада ‒ влада што не е избрана од народот и која треба да спроведе фер и демократски избори.