техника

Именка, женски род

Значење на техника:

1. Област на човековата дејност која претставува збир од средствата на трудот, постапките и знаењата потребни за создавање на материјалните блага и за задоволување на материјалните потреби на човекот.

2. а) Збир од орудија, направи и машини. Забрзан развој на техниката. б) Технички средства од определена област. Медицинска техника. Ракетна техника. Воена техника.

3. Збир на методи што се применуваат во определен производствен процес, дејност и сл. Техника на ткаење. Фотографска техника. Тој разви нова техника во сликањето. Разновидни техники во графиката. Драматуршка техника. Фотографија во црно-бела техника.

4. Вештина, опит, стручност. Играч со добра техника.

Множина: техники.

Изведени зборови:

  • технички, прид. тех-ничкиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Бела техника ‒ електрични апарати за домаќинство. Последен збор на техниката ‒ најнов технички изум.

Оригинални податоци:

техника, мн. техники ж. 1. Област на човековата дејност која претставува збир од средствата на трудот, постапките и знаењата потребни за создавање на материјалните блага и за задоволување на материјалните потреби на човекот. 2. а) Збир од орудија, направи и машини. Забрзан развој на техниката. б) Технички средства од определена област. Медицинска техника. Ракетна техника. Воена техника. 3. Збир на методи што се применуваат во определен производствен процес, дејност и сл. Техника на ткаење. Фотографска техника. Тој разви нова техника во сликањето. Разновидни техники во графиката. Драматуршка техника. Фотографија во црно-бела техника. 4. Вештина, опит, стручност. Играч со добра техника. ◊ Бела техника ‒ електрични апарати за домаќинство. Последен збор на техниката ‒ најнов технички изум. ‖ технички, тех-ничкиот прид.