тек
Значење на тек:
1. а) Течење, движење на вода. Тие завеслаа спроти текот на реката. На неколку места од речниот тек нејзините брегови се прошируваат. б) Правецот во кој се движи истечна вода, патот по кој тече река, поток. Во горниот тек на реката се создава делта.
2. Правец и начин на кој нешто се развива, се одвива. Настаните се одвиваа по својот природен тек. Тие разговараа за понатамошниот тек на процесот. Дискусијата зема поинаков тек.
3. Непрекинато движење, нижење. Неговото доаѓање му го прекина текот на мислите.
4. Во состав со предлози со временско значење. а) Во време на одвивањето, на траењето; додека. Во текот на ноќта. Во текот на работата. б) По извесно време. Со текот на времето притисокот попушти.
Множина: текови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Оди (е) во тек со времето – е во чекор со времето, современ е. Е во тек – е запознаен.
Оригинални податоци:
тек, мн. текови м. 1. а) Течење, движење на вода. Тие завеслаа спроти текот на реката. На неколку места од речниот тек нејзините брегови се прошируваат. б) Правецот во кој се движи истечна вода, патот по кој тече река, поток. Во горниот тек на реката се создава делта. 2. Правец и начин на кој нешто се развива, се одвива. Настаните се одвиваа по својот природен тек. Тие разговараа за понатамошниот тек на процесот. Дискусијата зема поинаков тек. 3. Непрекинато движење, нижење. Неговото доаѓање му го прекина текот на мислите. 4. Во состав со предлози со временско значење. а) Во време на одвивањето, на траењето; додека. Во текот на ноќта. Во текот на работата. б) По извесно време. Со текот на времето притисокот попушти. ◊ Оди (е) во тек со времето – е во чекор со времето, современ е. Е во тек – е запознаен.