текне

Глагол, свршен

Значење на текне:

1. Се сети, се присети на нешто подзаборавено. Дури сега му текна дека го остави вратничето отворено. Го знаеш сигурно, туку сега не може да ти текне. Така ми текна за животот мој и ми се разжали душата.

2. Дојде на ум, сфати, погоди, ја открие смислата или значењето на нешто, се досети. Се замисли како да ѝ текна нешто. Ми текна зошто го направи тоа. Како не ни текна порано.

3. Почувствува желба, посака, присака. Прави како ќе му текне. Излегува кога ќе ѝ текне, се враќа кога ќе ѝ се приспие.

4. Помисли, размисли. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледнеш, а не да ги криеш од нас. Да не им текне да откажат, та да трпиме цел ден. Ти текна ли што ќе им кажеш?

Коњугација: (ќе ми) текнело, (ќе ми) текнеше , (ми) , (ми) текна , (ми) текнало .

Изведени зборови:

  • (ми) текнува, глаг. несв.
  • текнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

текне (ми); (ми) текна; (ми) текнало; (ќе ми) текнеше; (ќе ми) текнело св. 1. Се сети, се присети на нешто подзаборавено. Дури сега му текна дека го остави вратничето отворено. Го знаеш сигурно, туку сега не може да ти текне. Така ми текна за животот мој и ми се разжали душата. 2. Дојде на ум, сфати, погоди, ја открие смислата или значењето на нешто, се досети. Се замисли како да ѝ текна нешто. Ми текна зошто го направи тоа. Како не ни текна порано. 3. Почувствува желба, посака, присака. Прави како ќе му текне. Излегува кога ќе ѝ текне, се враќа кога ќе ѝ се приспие. 4. Помисли, размисли. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледнеш, а не да ги криеш од нас. Да не им текне да откажат, та да трпиме цел ден. Ти текна ли што ќе им кажеш? ‖ (ми) текнува несв. ‖ глаг. им. текнување ср.