тековен
Значење на тековен:
1. Што е во тек, што се одвива сега, што треба да се направи, да се реши сега; сегашен, современ. Тековна година. Тековни прашања. Тековна театарска критика.
2. Што е секојдневен, редовен. Тековни задачи. Тековни трошоци.
Членувана форма: тековниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тековна сметка – банкарска сметка преку која се вршат периодични плаќања, при што банката се јавува како посредник меѓу носителот на сметката и институцијата на којашто ѝ се плаќа.
Оригинални податоци:
тековен, тековниот прид. 1. Што е во тек, што се одвива сега, што треба да се направи, да се реши сега; сегашен, современ. Тековна година. Тековни прашања. Тековна театарска критика. 2. Што е секојдневен, редовен. Тековни задачи. Тековни трошоци. ◊ Тековна сметка – банкарска сметка преку која се вршат периодични плаќања, при што банката се јавува како посредник меѓу носителот на сметката и институцијата на којашто ѝ се плаќа.