телал
Архаизам.
Значење на телал:
1. Гласник, службен објавувач на соопштенија; барабанџија. Се појави градскиот телал со барабанот. Општинскиот телал ги повика сите.
2. Трговец со стари работи, старинар.
Множина: телали.
Изведени зборови:
- телалка, и. ж. сп. телал 2.
- телалски, прид. телалскиот
Оригинални податоци:
телал, мн. телали м. (арх.) 1. Гласник, службен објавувач на соопштенија; сп. барабанџија. Се појави градскиот телал со барабанот. Општинскиот телал ги повика сите. 2. Трговец со стари работи, старинар. ‖ телалка, мн. телалки ж. сп. телал 2. ‖ телалски, телалскиот прид.