тело
Значење на тело:
1. (физ.) Материја што исполнува определен дел од просторот, секој одделен материјален предмет во просторот. Гасовити тела. Слободен пад на телата.
2. (мат.) Дел од просторот ограничен од сите страни со прави или криви површини. Геометриски тела.
3. Жив организам на човек или животно како градбена и функционална целина. Човечко тело. Температура на телото. Делови од телото. Исцрпено тело. Со горниот дел од телото се потпре на оградата.
4. Труп на мртовец.
5. Основен дел на некој предмет, машина и сл. Телото на машината. Тоа беше телото на мандолината.
6. (прен.) Здружение, организација, служба, установа со определени функции во општествениот, јавниот и политичкиот живот; орган. Управно тело. Законодавно тело.
Множина: тела.
Фразеолошки израз / поговорка:
Небесно тело – општ назив за сите природни материи и објекти што се движат во вселената (планети, комети, метеори, ѕвезди, сателити итн.).
Оригинални податоци:
тело, мн. тела ср. 1. (физ.) Материја што исполнува определен дел од просторот, секој одделен материјален предмет во просторот. Гасовити тела. Слободен пад на телата. 2. (мат.) Дел од просторот ограничен од сите страни со прави или криви површини. Геометриски тела. 3. Жив организам на човек или животно како градбена и функционална целина. Човечко тело. Температура на телото. Делови од телото. Исцрпено тело. Со горниот дел од телото се потпре на оградата. 4. Труп на мртовец. 5. Основен дел на некој предмет, машина и сл. Телото на машината. Тоа беше телото на мандолината. 6. (прен.) Здружение, организација, служба, установа со определени функции во општествениот, јавниот и политичкиот живот; орган. Управно тело. Законодавно тело. ◊ Небесно тело – општ назив за сите природни материи и објекти што се движат во вселената (планети, комети, метеори, ѕвезди, сателити итн.).