тема 2

Именка, женски род

Значење на тема:

1. Основна, главна мисла во уметничко дело, научен труд, расправа, говор и сл. Омилена тема на романтизмот е пријателството. Актуелна тема. Тој ја промени темата на разговор.

2. Предмет, проблем што треба писмено да се обработи, наслов на школска, испитна писмена задача. Пишуваа на слободна тема.

3. Основен мотив на музичко дело.

4. (грам.) Дел од реченицата што не внесува ништо ново во однос на веќе кажаното, познатото, а е појдовна основа за предавање на нешто ново, т.е. за проширување на општењето; рема.

Множина: теми.

Оригинални податоци:

тема2, мн. теми ж. 1. Основна, главна мисла во уметничко дело, научен труд, расправа, говор и сл. Омилена тема на романтизмот е пријателството. Актуелна тема. Тој ја промени темата на разговор. 2. Предмет, проблем што треба писмено да се обработи, наслов на школска, испитна писмена задача. Пишуваа на слободна тема. 3. Основен мотив на музичко дело. 4. (грам.) Дел од реченицата што не внесува ништо ново во однос на веќе кажаното, познатото, а е појдовна основа за предавање на нешто ново, т.е. за проширување на општењето; спрот. рема.