темел
Значење на темел:
1. Основа на зграда. Темелите на куќата беа цврсти.
2. (прен.) Основа, суштествен дел врз кој нешто се гради, се развива; база. Тоа се темелите на еден нов правец во уметноста. Овие тези ќе бидат темели на неговата одбрана.
Множина: темели.
Фразеолошки израз / поговорка:
До темел – сосем, наполно, во целост. Од темел – од почеток, од основа, од корен. Удри темел на нешто – основа, започне нешто.
Оригинални податоци:
темел, мн. темели м. 1. Основа на зграда. Темелите на куќата беа цврсти. 2. (прен.) Основа, суштествен дел врз кој нешто се гради, се развива; база. Тоа се темелите на еден нов правец во уметноста. Овие тези ќе бидат темели на неговата одбрана. ◊ До темел – сосем, наполно, во целост. Од темел – од почеток, од основа, од корен. Удри темел на нешто – основа, започне нешто.