темен 2
Значење на темен:
1. Што е лишен од светлина, неосветлен, мрачен. Темна ноќ. Темна шума. Темна пештера. Темна улица.
2. а) Што е со затворена боја или нијанса, што е со боја блиска до црната. Темна облека. Темни очи. Темна кожа. б) Што слабо пропушта светлина. Темно небо. Темни облаци. Темна магла. Темен чад. Темно стакло.
3. Што е длабок, со понизок тоналитет, придушен. Тој му одговори со темен глас. Оддалеку се слушаа темни гласови. Ги разбуди темен татнеж.
4. (прен.) Што е непознат, загадочен, нејасен, матен. Таа осети не мака, туку темен и нејасен страв. Темен поглед. Темно минато.
5. Што е мрачен, негативен, лош во морална смисла. Темни нагони. Темни сили.
6. а) Што е тажен, несреќен. Тој седеше темен и задуман пред кошарата, спремен да заплаче. б) Што е мачен, тежок, неподнослив. Растерај ги темните мисли. Темен живот.
Членувана форма: темниот.
Изведени зборови:
- темно, прил. Темно и со зла радост го испрати поручникот. Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Тој темно раскажува за своето време.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во темни зори – пред осамнување, пред да се раздени. Темен вокал – редуциран вокал.
Оригинални податоци:
темен2, темниот прид. 1. Што е лишен од светлина, неосветлен, мрачен. Темна ноќ. Темна шума. Темна пештера. Темна улица. 2. а) Што е со затворена боја или нијанса, што е со боја блиска до црната. Темна облека. Темни очи. Темна кожа. б) Што слабо пропушта светлина. Темно небо. Темни облаци. Темна магла. Темен чад. Темно стакло. 3. Што е длабок, со понизок тоналитет, придушен. Тој му одговори со темен глас. Оддалеку се слушаа темни гласови. Ги разбуди темен татнеж. 4. (прен.) Што е непознат, загадочен, нејасен, матен. Таа осети не мака, туку темен и нејасен страв. Темен поглед. Темно минато. 5. Што е мрачен, негативен, лош во морална смисла. Темни нагони. Темни сили. 6. а) Што е тажен, несреќен. Тој седеше темен и задуман пред кошарата, спремен да заплаче. б) Што е мачен, тежок, неподнослив. Растерај ги темните мисли. Темен живот. ◊ Во темни зори – пред осамнување, пред да се раздени. Темен вокал – редуциран вокал. ‖ темно прил. Темно и со зла радост го испрати поручникот. Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Тој темно раскажува за своето време.