темнее
Значење на темнее:
1. Станува темен, потемнува. Небото темнееше. Црвенилото на хоризонтот сè повеќе темнееше.
2. Добива нездрава боја на лицето, губи сјај, живост. Од ден на ден темнееше и пропаѓаше од мисли и несоница.
3. Се стемнува. Денот помина, почна да темнее.
Коњугација: темнеав , темнеаја , темнеал , темнеан, темнеат , темнеев , темнееја , темнеејќи , темнеел , темнеен , темнеење , темнеј , темнејте .
Изведени зборови:
- се ~ темнее, Изгледа темен, се истакнува со темната боја. Верига на планини се темнееше на хоризонтот. Малку потаму се темнееше борова гора.
- темнеење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми се темнее пред очи – му станува лошо.
Оригинални податоци:
темнее, темнеат; темнеј, темнејте; темнеев, темнееја; темнеел; темнеен; темнеејќи; темнеење; темнеав, темнеаја; темнеал; темнеан несв. 1. Станува темен, потемнува. Небото темнееше. Црвенилото на хоризонтот сè повеќе темнееше. 2. Добива нездрава боја на лицето, губи сјај, живост. Од ден на ден темнееше и пропаѓаше од мисли и несоница. 3. Се стемнува. Денот помина, почна да темнее. ● се ~ Изгледа темен, се истакнува со темната боја. Верига на планини се темнееше на хоризонтот. Малку потаму се темнееше борова гора. ◊ Ми се темнее пред очи – му станува лошо. ‖ глаг. им. темнеење ср.