темперамент
Значење на темперамент:
1. Целокупност од психички својства, карактерни црти на човекот кои го изразуваат начинот, силината и брзината на неговата умствена и емоционална реакција на внатрешни и надворешни дразби; нарав, карактер. Меланхоличен темперамент. Флегматичен темперамент. Иако имаат различен темперамент, добро се сложуваат. Творечки темперамент.
2. Живост, енергичност, страст. Тој е човек со темперамент.
Множина: темпераменти.
Оригинални податоци:
темперамент, мн. темпераменти м. 1. Целокупност од психички својства, карактерни црти на човекот кои го изразуваат начинот, силината и брзината на неговата умствена и емоционална реакција на внатрешни и надворешни дразби; нарав, карактер. Меланхоличен темперамент. Флегматичен темперамент. Иако имаат различен темперамент, добро се сложуваат. Творечки темперамент. 2. Живост, енергичност, страст. Тој е човек со темперамент.