темпераментен

Придавка

Значење на темпераментен:

1. Што има жив темперамент, што е енергичен, страстен. Темпераментна жена. Таа е сталожена и мирна, но во некои моменти експлозивна и темпераментна. Меѓу нас имаше и погласни и потемпераментни.

2. Што изразува живост, енергичност. Темпераментна музика. Темпераментно движење.

Членувана форма: темпераментниот.

Изведени зборови:

  • темпераментно, прил. Тој мошне темпераментно им се обрати на слушателите.
  • темпераментност, и. ж.

Оригинални податоци:

темпераментен, темпераментниот прид. 1. Што има жив темперамент, што е енергичен, страстен. Темпераментна жена. Таа е сталожена и мирна, но во некои моменти експлозивна и темпераментна. Меѓу нас имаше и погласни и потемпераментни. 2. Што изразува живост, енергичност. Темпераментна музика. Темпераментно движење. ‖ темпераментно прил. Тој мошне темпераментно им се обрати на слушателите. ‖ темпераментност ж.