тенденциозен

Придавка

Значење на тенденциозен:

Што има, што содржи тенденција, што е направен со тенденција, со определена намера, цел; пресметан, со умисла. Тенденциозно однесување. Тенденциозен роман. Тенденциозно прашање. Тенденциозна вест.

Членувана форма: тенденциозниот.

Изведени зборови:

  • тенденциозно, прил. Тој тенденциозно дојде на состанокот.
  • тенденциозност, и. ж.

Оригинални податоци:

тенденциозен, тенденциозниот прид. Што има, што содржи тенденција, што е направен со тенденција, со определена намера, цел; пресметан, со умисла. Тенденциозно однесување. Тенденциозен роман. Тенденциозно прашање. Тенденциозна вест. ‖ тенденциозно прил. Тој тенденциозно дојде на состанокот. ‖ тенденциозност ж.