тенџере

Именка, среден род

Значење на тенџере:

Длабок сад со капак и две рачки од страните во кој се готват јадења. Одвреме-навреме ја промешуваше чорбата во тенџерето.

Множина: тенџериња.

Изведени зборови:

  • тенџерче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се истркала тенџерето си го најде поклопчето. (посл.) – си најде сличен, слична на себе (обично во негативна смисла).

Оригинални податоци:

тенџере, мн. тенџериња ср. Длабок сад со капак и две рачки од страните во кој се готват јадења. Одвреме-навреме ја промешуваше чорбата во тенџерето. ◊ Се истркала тенџерето си го најде поклопчето. (посл.) – си најде сличен, слична на себе (обично во негативна смисла). ‖ тенџерче, мн. тенџерчиња ср. дем.