теорија

Именка, женски род

Значење на теорија:

1. Систем од знаења за некоја појава или појави заснован врз научно проверени и докажани претпоставки, научно сознание засновано врз искуството и практиката што ги објаснува законитостите во развојот на природата и општеството. Научна теорија и практика. Тоа била револуционерна теорија во науката.

2. Целокупност од основни правила, поставки и поими во определена научна или уметничка област. Теорија на музиката. Социолошка теорија. Теорија на релативитетот.

3. Мислење, сфаќање. Таа имаше сопствена теорија по тоа прашање.

4. (прен.) Апстрактно расудување неповрзано со реалноста и практиката; теоретизирање. Нему не му требаа теории, тој бараше практично решение за случајот.

5. Теоретизирање. Доста со вашите матни теории, јас ве плаќам да работите.

Множина: теории.

Оригинални податоци:

теорија, мн. теории ж. 1. Систем од знаења за некоја појава или појави заснован врз научно проверени и докажани претпоставки, научно сознание засновано врз искуството и практиката што ги објаснува законитостите во развојот на природата и општеството. Научна теорија и практика. Тоа била револуционерна теорија во науката. 2. Целокупност од основни правила, поставки и поими во определена научна или уметничка област. Теорија на музиката. Социолошка теорија. Теорија на релативитетот. 3. Мислење, сфаќање. Таа имаше сопствена теорија по тоа прашање. 4. (прен.) Апстрактно расудување неповрзано со реалноста и практиката; теоретизирање. Нему не му требаа теории, тој бараше практично решение за случајот. 5. Теоретизирање. Доста со вашите матни теории, јас ве плаќам да работите.