тера
Значење на тера:
1. а) Управува со запрежна кола. Дедо ја терал колата, а тој одел крај колата пешки. Некој по патот тераше кола и потсвирнуваше. б) Управува со превозно средство; вози. Тој го тераше чунот право кон едно островце среде водата. Тера велосипед. Да не се симнуваме, терај понатаму.
2. Води, гони добиток пред себе. Пред нас ги теравме овците и говедата. Селаните ги тераат магарињата пред себе и живо разговараат.
3. Носи, пренесува товар со животно или со запрега. Дрварите тераа дрва двапати во денот. Тргна со маските да тера штици. Тераше со едно магаре дрва постојано.
4. Предизвикува некаква психичка, физиолошка реакција, поттикнува на нешто; предизвикува нешто. Мирисот тера на повраќање. Лекот тера на потење. Времето ме тера на спиење.
5. а) Присилува некого да си оди, да се оддалечи; брка, гони. Мајките ги тераа децата од дворовите. Пците го тераа зајакот. Таа ја тераше мачката од под софра. б) Прави нешто да исчезне, отстранува. Ова е мелем што го тера гајлето.
6. а) Движи нешто пред себе, со туркање, тркалање и сл. Детето се стрча, сè уште терајќи го обрачот пред себе. б) Стави во движење, придвижува. Водата го вртеше воденичкото колце, а тоа ги тераше воденичките камења.
7. Води некого пред себе со сила, присилува некого да се движи. Последната чета тераше пред себе боси селани.
8. Чешла на определен начин. Косата секогаш ја тераше на патец.
9. а) Наговара, присилува, наведува некого на нешто. Тој и ноќе ги тераше да работат. Тие постојано ги тераа да прават отстапки. б) Предизвика нешто, доведе некого во некаква состојба. Нешто го тераше да му го каже тоа в очи, но пак се задржуваше. Некаква надеж се јавуваше и го тераше да верува во себе.
10. Продолжува да прави, да врши нешто. Терај ја работата докрај. Пушти го и не терај инает. Тера гости. Реши да се измолкне и да си го тера својот пат. 1а) Живее. Веќе втора зима тераше во оваа колиба без прозорци. Излегуваше и си го тераше животот. И така тој тераше живот без гајле. б) Живее на определен начин, се придржува на некаков обичај, навика. Тера мода. 12. Навлегува во извесна возраст. Детето ја тераше третата година. 13. За растение – развива, пушта. Тера пупки. Тутунот слабо тера оваа година. 14. Има определен дострел, дофрла. Оваа пушка тера подалеку.
Коњугација: тераат.
Изведени зборови:
- се ~ тера, За животни – се пари. Кучињата се тераат.
- терање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ни се тера, ни се води – не знае што сака. Тера шега – се шегува со некого, се потсмева некому. Тера по свое – прави како што сака.
Оригинални податоци:
тера, тераат несв. 1. а) Управува со запрежна кола. Дедо ја терал колата, а тој одел крај колата пешки. Некој по патот тераше кола и потсвирнуваше. б) Управува со превозно средство; вози. Тој го тераше чунот право кон едно островце среде водата. Тера велосипед. Да не се симнуваме, терај понатаму. 2. Води, гони добиток пред себе. Пред нас ги теравме овците и говедата. Селаните ги тераат магарињата пред себе и живо разговараат. 3. Носи, пренесува товар со животно или со запрега. Дрварите тераа дрва двапати во денот. Тргна со маските да тера штици. Тераше со едно магаре дрва постојано. 4. Предизвикува некаква психичка, физиолошка реакција, поттикнува на нешто; предизвикува нешто. Мирисот тера на повраќање. Лекот тера на потење. Времето ме тера на спиење. 5. а) Присилува некого да си оди, да се оддалечи; брка, гони. Мајките ги тераа децата од дворовите. Пците го тераа зајакот. Таа ја тераше мачката од под софра. б) Прави нешто да исчезне, отстранува. Ова е мелем што го тера гајлето. 6. а) Движи нешто пред себе, со туркање, тркалање и сл. Детето се стрча, сè уште терајќи го обрачот пред себе. б) Стави во движење, придвижува. Водата го вртеше воденичкото колце, а тоа ги тераше воденичките камења. 7. Води некого пред себе со сила, присилува некого да се движи. Последната чета тераше пред себе боси селани. 8. Чешла на определен начин. Косата секогаш ја тераше на патец. 9. а) Наговара, присилува, наведува некого на нешто. Тој и ноќе ги тераше да работат. Тие постојано ги тераа да прават отстапки. б) Предизвика нешто, доведе некого во некаква состојба. Нешто го тераше да му го каже тоа в очи, но пак се задржуваше. Некаква надеж се јавуваше и го тераше да верува во себе. 10. Продолжува да прави, да врши нешто. Терај ја работата докрај. Пушти го и не терај инает. Тера гости. Реши да се измолкне и да си го тера својот пат. 11. а) Живее. Веќе втора зима тераше во оваа колиба без прозорци. Излегуваше и си го тераше животот. И така тој тераше живот без гајле. б) Живее на определен начин, се придржува на некаков обичај, навика. Тера мода. 12. Навлегува во извесна возраст. Детето ја тераше третата година. 13. За растение – развива, пушта. Тера пупки. Тутунот слабо тера оваа година. 14. Има определен дострел, дофрла. Оваа пушка тера подалеку. ● се ~ За животни – се пари. Кучињата се тераат. ◊ Ни се тера, ни се води – не знае што сака. Тера шега – се шегува со некого, се потсмева некому. Тера по свое – прави како што сака. ‖ глаг. им. терање ср.