терапија
Само во еднина.
Значење на терапија:
1. Дел од медицината што се занимава со определување на начините и методите на лекување. Физикална терапија.
2. Гранка од медицината што се занимава со лекување на внатрешните болести без примена на хируршки методи.
3. Лекување, начин на лекување. Каква терапија користиш?
Изведени зборови:
- тераписки, прид. терапискиот
Оригинални податоци:
терапија (само едн.) ж. 1. Дел од медицината што се занимава со определување на начините и методите на лекување. Физикална терапија. 2. Гранка од медицината што се занимава со лекување на внатрешните болести без примена на хируршки методи. 3. Лекување, начин на лекување. Каква терапија користиш? ‖ тераписки, терапискиот прид.