терминал

Именка, машки род

Значење на терминал:

1. а) Влезна или излезна станица, постојка во транспортниот сообраќај. б) Постојка за товарење и истовар на стоки.

2. Телевизиски, телефонски, компјутерски и др. систем што е поврзан со определен информациски систем заради примање и испраќање податоци.

Множина: терминали.

Оригинални податоци:

терминал, мн. терминали м. 1. а) Влезна или излезна станица, постојка во транспортниот сообраќај. б) Постојка за товарење и истовар на стоки. 2. Телевизиски, телефонски, компјутерски и др. систем што е поврзан со определен информациски систем заради примање и испраќање податоци.