терминологија
Само во еднина.
Значење на терминологија:
1. Севкупност од термини што се користат во определена научна област, во некоја струка или дејност (уметност, спорт итн.); номенклатура.
2. Речник со термини од определена област.
Изведени зборови:
- терминолошки, прид. терминолошкиот Терминолошки речник. Терминолошка лексика. Терминолошка употреба. Терминолошко значење.
Оригинални податоци:
терминологија (само едн.) ж. 1. Севкупност од термини што се користат во определена научна област, во некоја струка или дејност (уметност, спорт итн.); номенклатура. 2. Речник со термини од определена област. ‖ терминолошки, терминолошкиот прид. Терминолошки речник. Терминолошка лексика. Терминолошка употреба. Терминолошко значење.