тесен

Придавка

Значење на тесен:

1. Што има мала широчина; широк. Тесна улица. Тесен процеп. Тесни раменици. Тесни колкови.

2. Што е просторно мал, недоволен. Тесен простор. Тесна одаја. Тесен ходник.

3. За облека, обувки – што стега, што е помал од потребната мерка; што е со помала ширина од вообичаената, што го оцртува телото. Таа ги собу тесните чевли. Тесна блуза. Тесниот фустан ја стегаше во половината. Сега се носат панталони со тесни ногавици.

4. (прен.) Што е ограничен по број, по значење и сл., што е со помал обем или број. Тесен круг пријатели. Потесен одбор. Тесна специјалност. Во потесно значење. Тесни сфаќања.

5. За врски, односи и сл. – многу близок. Тие развија тесни врски на соработка. Тесно пријателство.

Членувана форма: тесниот.

Изведени зборови:

  • тесно, прил. Тие две појави се тесно поврзани. Тој ѝ го отстапи местото за да не им биде тесно.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се најде во тесно – е во неволја. Фати (стави) некого во тесно – доведе некого во тешка положба. Тесно грло – место каде што доаѓа до застој во сообраќајот, во производството и др.

Оригинални податоци:

тесен, тесниот прид. 1. Што има мала широчина; спрот. широк. Тесна улица. Тесен процеп. Тесни раменици. Тесни колкови. 2. Што е просторно мал, недоволен. Тесен простор. Тесна одаја. Тесен ходник. 3. За облека, обувки – што стега, што е помал од потребната мерка; што е со помала ширина од вообичаената, што го оцртува телото. Таа ги собу тесните чевли. Тесна блуза. Тесниот фустан ја стегаше во половината. Сега се носат панталони со тесни ногавици. 4. (прен.) Што е ограничен по број, по значење и сл., што е со помал обем или број. Тесен круг пријатели. Потесен одбор. Тесна специјалност. Во потесно значење. Тесни сфаќања. 5. За врски, односи и сл. – многу близок. Тие развија тесни врски на соработка. Тесно пријателство. ◊ Се најде во тесно – е во неволја. Фати (стави) некого во тесно – доведе некого во тешка положба. Тесно грло – место каде што доаѓа до застој во сообраќајот, во производството и др. ‖ тесно прил. Тие две појави се тесно поврзани. Тој ѝ го отстапи местото за да не им биде тесно.