теши
Значење на теши:
Дава, влева утеха, утешува. Мајката со шепот го теши детето. Јас ја тешев другарка ми. Соседите ги посетуваа, ги тешеа.Коњугација: тешат.
Изведени зборови:
- се ~ теши, Си влева утеха. Ќе се теши со мислата дека тоа ќе им причини задоволство. Таа се тешеше дека набргу ќе ѝ дојде одмена.
- тешење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
теши, тешат несв. Дава, влева утеха, утешува. Мајката со шепот го теши детето. Јас ја тешев другарка ми. Соседите ги посетуваа, ги тешеа. ● се ~ Си влева утеха. Ќе се теши со мислата дека тоа ќе им причини задоволство. Таа се тешеше дека набргу ќе ѝ дојде одмена. ‖ глаг. им. тешење ср.