тешко
Значење на тешко:
1. Многу, во тежина, во голем степен, мошне. Коњот беше тешко натоварен.
2. Мачно, со мака. Тие години тешко се живееше на село. Тешко е да биде човек сам.
3. Тромаво, без сила, бавно, изморено. Немаше сила, тешко зборуваше. Цела ноќ тешко воздивнуваше. Срцето му биеше тешко. Тој тешко ги искачуваше скалите.
4. Многу лошо, погубно. Нешто многу тешко наумил.
5. Одвај. Во нашата поезија тешко би се сретнал пример со таква форма. Луѓето тешко се одвојуваат од местото каде што живееле. Тешко може да се издржи тоа.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тешко болен ‒ многу болен. Тешко спие ‒ 1. има длабок сон; 2. спие немирно, неспокојно. Тешко му (ми, ти, ...) е ‒ 1. лошо му е, се чувствува лошо. 2. има душевна болка, страда душевно. Му (ми, ти, ...) падне тешко ‒ му се слоши.
Оригинални податоци:
тешко прил. 1. Многу, во тежина, во голем степен, мошне. Коњот беше тешко натоварен. 2. Мачно, со мака. Тие години тешко се живееше на село. Тешко е да биде човек сам. 3. Тромаво, без сила, бавно, изморено. Немаше сила, тешко зборуваше. Цела ноќ тешко воздивнуваше. Срцето му биеше тешко. Тој тешко ги искачуваше скалите. 4. Многу лошо, погубно. Нешто многу тешко наумил. 5. Одвај. Во нашата поезија тешко би се сретнал пример со таква форма. Луѓето тешко се одвојуваат од местото каде што живееле. Тешко може да се издржи тоа. ◊ Тешко болен ‒ многу болен. Тешко спие ‒ 1. има длабок сон; 2. спие немирно, неспокојно. Тешко му (ми, ти, ...) е ‒ 1. лошо му е, се чувствува лошо. 2. има душевна болка, страда душевно. Му (ми, ти, ...) падне тешко ‒ му се слоши.