теслими

Глагол, свршен

Архаизам.

Значење на теслими:

Предаде, отстапи. Му ја теслимија стоката на ќајата.

Коњугација: теслимат.

Изведени зборови:

  • се ~ теслими, Се предаде. Белки ќе се теслимат кога ќе видат дека не можат да го спасат. Ќе се теслимиме или ќе се браниме?

Оригинални податоци:

теслими, теслимат св. (арх.) Предаде, отстапи. Му ја теслимија стоката на ќајата. ● се ~ Се предаде. Белки ќе се теслимат кога ќе видат дека не можат да го спасат. Ќе се теслимиме или ќе се браниме?