теснина

Именка, женски род

Значење на теснина:

1. а) Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни; клисура. На утоката од теснината се слушаат водениците. б) Тесен морски појас меѓу две копна; мореуз. Морска теснина.

2. Тесен простор, тесна површина. При изговорот согласките минуваат низ теснина.

Множина: теснини.

Изведени зборови:

  • теснински, прид. теснинскиот Теснински гласови.

Оригинални податоци:

теснина, мн. теснини ж. 1. а) Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни; клисура. На утоката од теснината се слушаат водениците. б) Тесен морски појас меѓу две копна; мореуз. Морска теснина. 2. Тесен простор, тесна површина. При изговорот согласките минуваат низ теснина. ‖ теснински, теснинскиот прид. Теснински гласови.