тесто

Именка, среден род

Значење на тесто:

1. Густа смеса од брашно замесено со вода. Киснато тесто. Исеа брашно и замеси тесто.

2. Густа смеса, каша од некаков материјал замешан со малку течност. Тесто од гипс. Тесто од глина.

3. Јадење од тесто, тестенина. Внатре мириса на варено тесто. Пиеше лимонада и јадеше некое тесто.

Множина: теста.

Оригинални податоци:

тесто, мн. теста ср. 1. Густа смеса од брашно замесено со вода. Киснато тесто. Исеа брашно и замеси тесто. 2. Густа смеса, каша од некаков материјал замешан со малку течност. Тесто од гипс. Тесто од глина. 3. Јадење од тесто, тестенина. Внатре мириса на варено тесто. Пиеше лимонада и јадеше некое тесто.