тетратка

Именка, женски род

Значење на тетратка:

Подврзани во корици чисти листови за пишување и бележење. Празен лист од тетратка. Тетратка по краснопис. Школски тетратки.

Множина: тетратки.

Изведени зборови:

  • тетратче, и. ср. 1. дем. 2. Бележник.

Фразеолошки израз / поговорка:

Работна тетратка ‒ печатена книга, подготвена од автор, со задачи, вежби за усвојување на наставната програма по определен предмет во основното образование. Нотна тетратка (муз.) ‒ тетратка со петолинија.

Оригинални податоци:

тетратка, мн. тетратки ж. Подврзани во корици чисти листови за пишување и бележење. Празен лист од тетратка. Тетратка по краснопис. Школски тетратки. ◊ Работна тетратка ‒ печатена книга, подготвена од автор, со задачи, вежби за усвојување на наставната програма по определен предмет во основното образование. Нотна тетратка (муз.) ‒ тетратка со петолинија. ‖ тетратче, мн. тетратчиња ср. 1. дем. 2. Бележник.