тежи

Глагол, несвршен

Значење на тежи:

1. Е тежок, има определена тежина. Гајбите тежат 5 килограми. Цевките тежат еден тон.

2. Има голема тежина, не е лесен за носење, за кревање и сл. Ранецот на грбот и пушката на рамото му тежеа.

3. (прен.) Предизвикува непријатно чувство, притиска, измачува, тишти. Нешто има што му тежи на душата. Срамот тежеше на неговите плешки. Староста тежи како олово.

4. (прен.) Е важен, има влијание. Очигледно е дека зборот во различни моменти и различно тежи.

5. (прен.) Вреди, се цени. Тоа ми даде можност да го преценам колку тежи како противник. Те знам јас колку тежиш. Не му тежи умот за ништо.

6. (прен.) Надвиснува, се надвиснува над нешто. Над градот тежеше облачна есенска ноќ.

7. Чувствува тежина. Снагата му тежеше издробена од долгиот пат. Клепките ѝ тежат. Главата му тежеше и не можеше да размислува.

Коњугација: тежат.

Изведени зборови:

  • тежење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тежи, тежат несв. 1. Е тежок, има определена тежина. Гајбите тежат 5 килограми. Цевките тежат еден тон. 2. Има голема тежина, не е лесен за носење, за кревање и сл. Ранецот на грбот и пушката на рамото му тежеа. 3. (прен.) Предизвикува непријатно чувство, притиска, измачува, тишти. Нешто има што му тежи на душата. Срамот тежеше на неговите плешки. Староста тежи како олово. 4. (прен.) Е важен, има влијание. Очигледно е дека зборот во различни моменти и различно тежи. 5. (прен.) Вреди, се цени. Тоа ми даде можност да го преценам колку тежи како противник. Те знам јас колку тежиш. Не му тежи умот за ништо. 6. (прен.) Надвиснува, се надвиснува над нешто. Над градот тежеше облачна есенска ноќ. 7. Чувствува тежина. Снагата му тежеше издробена од долгиот пат. Клепките ѝ тежат. Главата му тежеше и не можеше да размислува. ‖ глаг. им. тежење ср.