тежина

Именка, женски род

Значење на тежина:

1. (само едн.) (физ.) Силата со која Земјината тежа дејствува врз некое тело.

2. (физ.) Производ од масата на едно тело и забрзувањето на Земјината тежа на дадено место на Земјата, изразен во соодветна мерна единица.

3. Масата на телото определена според единица мерка; определена мерка, количина на нешто добиена со мерење. Си остана на истата тежина како во младоста. Се потпре со целата тежина на вратата. Се наведна под тежината на куферот.

4. Товар. Каде се видело такво коњче таква тежина да влече.

5. (прен.) Тешкотија, напор, грижа, бреме. Незгодно ѝ е својата тежина да ја дели со некој друг. Тој подзастана и се издиши со тежина. Му падна некоја голема тежина од душата.

6. (прен.) Важност, вредност. Тие сакаа да си придодадат поголема тежина и значење себеси и на својата работа. Тој ја чувствува тежината на задачата и одговорноста.

7. (прен.) Непријатно, најчесто болно чувство во некој дел или орган на телото, мачнина. Почувствува некаква тежина во стомакот. Чувствуваше тежина во нозете.

Множина: тежини.

Фразеолошки израз / поговорка:

Секоја планина со својата тежина. (посл.) – секој си ја знае својата мака.

Оригинални податоци:

тежина, мн. тежини ж. 1. (само едн.) (физ.) Силата со која Земјината тежа дејствува врз некое тело. 2. (физ.) Производ од масата на едно тело и забрзувањето на Земјината тежа на дадено место на Земјата, изразен во соодветна мерна единица. 3. Масата на телото определена според единица мерка; определена мерка, количина на нешто добиена со мерење. Си остана на истата тежина како во младоста. Се потпре со целата тежина на вратата. Се наведна под тежината на куферот. 4. Товар. Каде се видело такво коњче таква тежина да влече. 5. (прен.) Тешкотија, напор, грижа, бреме. Незгодно ѝ е својата тежина да ја дели со некој друг. Тој подзастана и се издиши со тежина. Му падна некоја голема тежина од душата. 6. (прен.) Важност, вредност. Тие сакаа да си придодадат поголема тежина и значење себеси и на својата работа. Тој ја чувствува тежината на задачата и одговорноста. 7. (прен.) Непријатно, најчесто болно чувство во некој дел или орган на телото, мачнина. Почувствува некаква тежина во стомакот. Чувствуваше тежина во нозете. ◊ Секоја планина со својата тежина. (посл.) – секој си ја знае својата мака.