тежиште

Именка, среден род

Значење на тежиште:

1. (физ.) Точка на замислена резултанта добиена од тежината на сите одделни делови на телото; резултантна сила што дејствува врз некое тело.

2. (прен.) Тоа што е најважно, што е центар, суштина за некоја работа, прашање, мислење и сл., вистинска цел. Прашањето не го менува својот правец, своето тежиште. Тежиштето е префрлено од социјален на психолошки план.

Множина: тежишта.

Оригинални податоци:

тежиште, мн. тежишта ср. 1. (физ.) Точка на замислена резултанта добиена од тежината на сите одделни делови на телото; резултантна сила што дејствува врз некое тело. 2. (прен.) Тоа што е најважно, што е центар, суштина за некоја работа, прашање, мислење и сл., вистинска цел. Прашањето не го менува својот правец, своето тежиште. Тежиштето е префрлено од социјален на психолошки план.