тежок

Придавка

Значење на тежок:

1. Што има голема тежина, што е со поголема тежина во однос на другите предмети од ист вид. Огромни порти со тешки окови стоеја пред мене. Тешки пранги. Тежок митралез. Тежок камен. Тежок куфер.

2. а) Што бара големо напрегање, многу работа; напорен. Службата не ми беше тешка и имав слободно време. Тоа се тешки работи за тебе. Тешка борба. Се чу липање во темнината, офкање и тешко дишење. б) Што бара подолго размислување. Тешка одлука. Тежок избор.

3. Што е непријатен, неподнослив, задушлив. Тежок мирис. Тешка реа. Тешка смрдеа. Тежок воздух. Тешка омарнина.

4. Што е одбивен, што е тежок за комуникација, за соработка, со кој не се излегува лесно на крај. Тежок човек. Тежок карактер.

5. Што е бавен, тромав. Тешки чекори ближеа до нашата соба.

6. Што е тешко разбирлив, нејасен; сложен. Тешка музика. Тежок стил. Тешко прашање.

7. а) Што има голема количина на маснотии, што го оптоварува варењето. Тешка храна. б) Што има голем процент на алкохол. Тешки вина.

8. (прен.) Многу голем, сериозен. Тешки последици. Тежок срам. Тежок пораз. Тоа му нанесе тежок удар. Тој е обвинет за тешко дело.

9. а) Што е многу строг, безмилосен, жесток. Тешка казна. Тешка робија. б) Што е суров, неиздржлив, неподнослив. Тешка зима. Тешки услови.

10. Што е над просечното по своите негативни особини, голем, непоправлив. Станал тежок пијаница. Тежок деликвент. 1Што го загрозува животот, опасен, сериозен. Тешка болест. Раната не беше тешка. 12. Што е исполнет со маки, страдања, неподнослив. Тежок живот. Тешки денови. Тешко минато. Тешка судбина. 13. Што не може да се прежали, болен. Тешка загуба. 14. а) Што е дебел, со добар квалитет. Тој носеше широки и богати алишта од тешка чоја. Го закопча тешкото зимско палто. Тешка свила. Тешка облека. б) Што е масивен. Во собата се наоѓаше тежок старински мебел. Тежок накит. Тешки драперии. 15. Што е навредлив, што го урива достоинството, што е неправеден. Тешки зборови. Тешки обвинувања. 16. Што е голем по вредност, многу богат. Насобра тешки пари. 17. Што е голем по силина, по интензитет. Тешка болка. Западна во тешка меланхолија. Тешка главоболка. 18. Што е немирен, мачен, исцрпувачки. Тежок сон. Потона во тешки мисли. 19. Што е густ, непроѕирен, темен. Тешки облаци. Тешка магла. Тешка прашина. 20. (прен., разг.) Бремена.

Членувана форма: тешкиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тешка индустрија – индустриска гранка што се занимава со производство на машини и други средства за производство. Има тешка рака – има силен, јак удар со раката. Тешка артилерија – топови со голем калибар. Тешка категорија – една од основните категории во боречките спортови. Тешка вода – а) вода што содржи повеќе различни супстанции од обичната вода. б) (хем.) вода којашто наместо обичен содржи тежок водород; D2O. Тешка атлетика – спортска дисциплина што опфаќа: фрлање ѓуле (диск), кревање тегови, борење, бокс и др. Тешки метали – метали што тешко оксидираат; сп. метал. Со тешко срце – безволно.

Оригинални податоци:

тежок, тешкиот прид. 1. Што има голема тежина, што е со поголема тежина во однос на другите предмети од ист вид. Огромни порти со тешки окови стоеја пред мене. Тешки пранги. Тежок митралез. Тежок камен. Тежок куфер. 2. а) Што бара големо напрегање, многу работа; напорен. Службата не ми беше тешка и имав слободно време. Тоа се тешки работи за тебе. Тешка борба. Се чу липање во темнината, офкање и тешко дишење. б) Што бара подолго размислување. Тешка одлука. Тежок избор. 3. Што е непријатен, неподнослив, задушлив. Тежок мирис. Тешка реа. Тешка смрдеа. Тежок воздух. Тешка омарнина. 4. Што е одбивен, што е тежок за комуникација, за соработка, со кој не се излегува лесно на крај. Тежок човек. Тежок карактер. 5. Што е бавен, тромав. Тешки чекори ближеа до нашата соба. 6. Што е тешко разбирлив, нејасен; сложен. Тешка музика. Тежок стил. Тешко прашање. 7. а) Што има голема количина на маснотии, што го оптоварува варењето. Тешка храна. б) Што има голем процент на алкохол. Тешки вина. 8. (прен.) Многу голем, сериозен. Тешки последици. Тежок срам. Тежок пораз. Тоа му нанесе тежок удар. Тој е обвинет за тешко дело. 9. а) Што е многу строг, безмилосен, жесток. Тешка казна. Тешка робија. б) Што е суров, неиздржлив, неподнослив. Тешка зима. Тешки услови. 10. Што е над просечното по своите негативни особини, голем, непоправлив. Станал тежок пијаница. Тежок деликвент. 11. Што го загрозува животот, опасен, сериозен. Тешка болест. Раната не беше тешка. 12. Што е исполнет со маки, страдања, неподнослив. Тежок живот. Тешки денови. Тешко минато. Тешка судбина. 13. Што не може да се прежали, болен. Тешка загуба. 14. а) Што е дебел, со добар квалитет. Тој носеше широки и богати алишта од тешка чоја. Го закопча тешкото зимско палто. Тешка свила. Тешка облека. б) Што е масивен. Во собата се наоѓаше тежок старински мебел. Тежок накит. Тешки драперии. 15. Што е навредлив, што го урива достоинството, што е неправеден. Тешки зборови. Тешки обвинувања. 16. Што е голем по вредност, многу богат. Насобра тешки пари. 17. Што е голем по силина, по интензитет. Тешка болка. Западна во тешка меланхолија. Тешка главоболка. 18. Што е немирен, мачен, исцрпувачки. Тежок сон. Потона во тешки мисли. 19. Што е густ, непроѕирен, темен. Тешки облаци. Тешка магла. Тешка прашина. 20. (прен., разг.) Бремена. ◊ Тешка индустрија – индустриска гранка што се занимава со производство на машини и други средства за производство. Има тешка рака – има силен, јак удар со раката. Тешка артилерија – топови со голем калибар. Тешка категорија – една од основните категории во боречките спортови. Тешка вода – а) вода што содржи повеќе различни супстанции од обичната вода. б) (хем.) вода којашто наместо обичен содржи тежок водород; D2O. Тешка атлетика – спортска дисциплина што опфаќа: фрлање ѓуле (диск), кревање тегови, борење, бокс и др. Тешки метали – метали што тешко оксидираат; сп. метал. Со тешко срце – безволно.