ти 2

Заменка

Значење на ти:

1. Кратка заменка за индиректен предмет од ти; се употребува сама или заедно со долгата заменска форма ‒ тебе ти. Ти кажав да дојдеш. Ќе ја порачам песната што ти лежи на срце. Тебе ти е лесна работата.

2. За изразување посвојно значење со именки што означуваат сродство. Син ти родот ти го слави. Дедо ти заминал в село. Ги запознав мајка ти и татко ти.

3. Во изрази со обопштено значење: Компири, грав, ти реков ‒ ми рече, од немање немам страв. Оди каде што ти очи гледаат.

4. Како чест. Види ја ти бабава! Тоа ти е јунаштина! Кој ти гледа пари, треба глава да се спаси.

5. Како чест. во состав со оној, оној ми; кај; каков, каков ми. Онаа ми ти убавина ја нема никаде. Оди, кај ти сака душата! Какви ми ти пари, ништо од тоа.

Оригинални податоци:

ти2 зам. 1. Кратка заменка за индиректен предмет од ти; се употребува сама или заедно со долгата заменска форма ‒ тебе ти. Ти кажав да дојдеш. Ќе ја порачам песната што ти лежи на срце. Тебе ти е лесна работата. 2. За изразување посвојно значење со именки што означуваат сродство. Син ти родот ти го слави. Дедо ти заминал в село. Ги запознав мајка ти и татко ти. 3. Во изрази со обопштено значење: Компири, грав, ти реков ‒ ми рече, од немање немам страв. Оди каде што ти очи гледаат. 4. Како чест. Види ја ти бабава! Тоа ти е јунаштина! Кој ти гледа пари, треба глава да се спаси. 5. Како чест. во состав со оној, оној ми; кај; каков, каков ми. Онаа ми ти убавина ја нема никаде. Оди, кај ти сака душата! Какви ми ти пари, ништо од тоа.