тигар
Значење на тигар:
1. (зоол.) Големо диво животно од родот на мачките со црвеникавожолто крзно и различни темнокафеави пруги по ширина на крзното; Panthera tigris.
2. (прен.) Тој што со некои свои особини потсетува на тигар, силен, храбар човек.
Множина: тигра, тигри.
Изведени зборови:
- тигарче, и. ср.
Оригинални податоци:
тигар, мн. тигри, избр. мн. тигра м. 1. (зоол.) Големо диво животно од родот на мачките со црвеникавожолто крзно и различни темнокафеави пруги по ширина на крзното; Panthera tigris. 2. (прен.) Тој што со некои свои особини потсетува на тигар, силен, храбар човек. ‖ тигарче, мн. тигарчиња ср.