тиква
Значење на тиква:
1. (бот.) Едногодишно градинарско растение со разгрането стебло што ползи, со големи, широки листови, со големи жолти цветови и со крупни месести плодови; Cucurbita.
2. Плодот од тоа растение со тркалезна или долгнавеста форма, со бела, жолта или зелена кора и со жолтопортокалово месо. Печена тиква. Корупка од тиква. Жолти тикви.
3. (прен., разг.) Подбивно за глава на човек. Му се приближи и го акна по тиквата. Тиквата му е празна.
4. (прен., пејор.) Глупав човек, глупак. Тиква е, ништо не разбира.
5. Како изв. (разг.) При разговор за оспорување на кажаното од соговорникот ‒ како (да) не! Тикви, тоа не може да биде!
Множина: тикви.
Изведени зборови:
- тикве, и. ж. мн. тиквиња -- тиквиче, мн. тиквичиња ср. и тиквичка, мн. тиквички дем.
- тиквиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Големи тикви! ‒ (разг.) безначајна, неважна работа. Тиква стамболска ‒ (бот.) тиква со тркалезна форма и со бела, мазна и тенка кора што, обично, се употребува печена; Cucurbita pepo. Тиква тврдокорка (бот.) ‒ тиква со тркалезна форма и со рапава, тврда кора во жолта или жолто-зелена боја што, обично, се употребува варена; Cucurbita melopepo. Празна тиква ‒ глупав човек, глупак. Учи, учи, тиква бучи ‒ многу труд вложува во учење, но тешко сфаќа, тешко научува.
Оригинални податоци:
тиква, мн. тикви ж. 1. (бот.) Едногодишно градинарско растение со разгрането стебло што ползи, со големи, широки листови, со големи жолти цветови и со крупни месести плодови; Cucurbita. 2. Плодот од тоа растение со тркалезна или долгнавеста форма, со бела, жолта или зелена кора и со жолтопортокалово месо. Печена тиква. Корупка од тиква. Жолти тикви. 3. (прен., разг.) Подбивно за глава на човек. Му се приближи и го акна по тиквата. Тиквата му е празна. 4. (прен., пејор.) Глупав човек, глупак. Тиква е, ништо не разбира. 5. Како изв. (разг.) При разговор за оспорување на кажаното од соговорникот ‒ како (да) не! Тикви, тоа не може да биде! ◊ Големи тикви! ‒ (разг.) безначајна, неважна работа. Тиква стамболска ‒ (бот.) тиква со тркалезна форма и со бела, мазна и тенка кора што, обично, се употребува печена; Cucurbita pepo. Тиква тврдокорка (бот.) ‒ тиква со тркалезна форма и со рапава, тврда кора во жолта или жолто-зелена боја што, обично, се употребува варена; Cucurbita melopepo. Празна тиква ‒ глупав човек, глупак. Учи, учи, тиква бучи ‒ многу труд вложува во учење, но тешко сфаќа, тешко научува. ‖ тикве, мн. тиквиња / тиквиче, мн. тиквичиња ср. и тиквичка, мн. тиквички ж. дем. ‖ тиквиште, мн. тиквишта ср. аугм.