тил 1
Значење на тил:
1. Задниот дел од главата. Коса на тилот. Нешто го жегна во тилот.
2. (воен.) Територија зад фронтот; заднина. Непријателски тил.
3. (прен.) Тапиот дел од секира, нож, мотика и сл. Блескав тил.
Множина: тилови.
Изведени зборови:
- тилче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
В тил ‒ в грб, одзади. Кога ќе си го види тилот ‒ никогаш. Му (ми, ти ...) мачка мед по тилот ‒ ласка, се додворува некому.
Оригинални податоци:
тил1, мн. тилови м. 1. Задниот дел од главата. Коса на тилот. Нешто го жегна во тилот. 2. (воен.) Територија зад фронтот; заднина. Непријателски тил. 3. (прен.) Тапиот дел од секира, нож, мотика и сл. Блескав тил. ◊ В тил ‒ в грб, одзади. Кога ќе си го види тилот ‒ никогаш. Му (ми, ти ...) мачка мед по тилот ‒ ласка, се додворува некому. ‖ тилче, мн. тилчиња ср. дем.