тип
Значење на тип:
1. Подраздел во систематиката кој влегува во систематиката на повисокиот раздел ‒ род. Тип растенија.
2. Определен вид, конструкција на некој производ; модел 2. Стар тип авиони. Староградски тип куќи. Понов тип дигитрон.
3. Група еднородни или слични појави, лица и сл. со јасно изразено суштинско својство, обележје. Словенски тип. Локален тип. Структурен тип. Тип на мелодии што се играат.
4. Лик, карактер во книжевно дело. Херојски тип. Еден од типовите во романот. Пожртвувана мајка ‒ највозвишен тип жена.
5. (прен.) За човек ‒ особен, необичен, чуден. За девојките тој беше интересен тип. Смешен тип. Чудни типови.
6. (жарг.) За момче ‒ особено привлечен; фраер.
Множина: типа, типови.
Изведени зборови:
- типка, и. ж. кон зн. 6.
- типски, прид. типскиот
Оригинални податоци:
тип, мн. типови, избр. мн. типа м. 1. Подраздел во систематиката кој влегува во систематиката на повисокиот раздел ‒ род. Тип растенија. 2. Определен вид, конструкција на некој производ; сп. модел 2. Стар тип авиони. Староградски тип куќи. Понов тип дигитрон. 3. Група еднородни или слични појави, лица и сл. со јасно изразено суштинско својство, обележје. Словенски тип. Локален тип. Структурен тип. Тип на мелодии што се играат. 4. Лик, карактер во книжевно дело. Херојски тип. Еден од типовите во романот. Пожртвувана мајка ‒ највозвишен тип жена. 5. (прен.) За човек ‒ особен, необичен, чуден. За девојките тој беше интересен тип. Смешен тип. Чудни типови. 6. (жарг.) За момче ‒ особено привлечен; фраер. ‖ типка, мн. типки ж. кон зн. 6. ‖ типски, типскиот прид.