типичен
Значење на типичен:
1. Што содржи карактеристични особини, обележја на некаков тип предмети, појави, поими и сл. Типична градска куќа. Типичен малограѓанин. Типичен хуморист. Типична судбина. Типични карактери.
2. Што често се среќава, што е обичен за некого или нешто; карактеристичен, својствен. Типичен случај. Типична грешка.Типични примери.
Членувана форма: типичниот.
Изведени зборови:
- типично, прил. Се градеше типично, куќи со покриени тремови и со чардаци.
- типичност, и. ж.
Оригинални податоци:
типичен, типичниот прид. 1. Што содржи карактеристични особини, обележја на некаков тип предмети, појави, поими и сл. Типична градска куќа. Типичен малограѓанин. Типичен хуморист. Типична судбина. Типични карактери. 2. Што често се среќава, што е обичен за некого или нешто; карактеристичен, својствен. Типичен случај. Типична грешка.Типични примери. ‖ типично прил. Се градеше типично, куќи со покриени тремови и со чардаци. ‖ типичност ж.