типизација
Значење на типизација:
1. Во производство ‒ подведување, сведување на разните видови и модели на некој производ на определен тип заради рационализација. Типизација на прехранбената индустрија.
2. Распределување, класифицирање по типови, вклучување во типови. Типизација на структурни промени. Типизација на појавите од реалноста.
3. Во литературата и уметноста ‒ одбирање на типични ликови, форми и сл. Типизација на ликовите со поопшти особености во романот. Уметнички типизации.
Множина: типизации.
Оригинални податоци:
типизација, мн. типизации ж. 1. Во производство ‒ подведување, сведување на разните видови и модели на некој производ на определен тип заради рационализација. Типизација на прехранбената индустрија. 2. Распределување, класифицирање по типови, вклучување во типови. Типизација на структурни промени. Типизација на појавите од реалноста. 3. Во литературата и уметноста ‒ одбирање на типични ликови, форми и сл. Типизација на ликовите со поопшти особености во романот. Уметнички типизации.