тишина

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на тишина:

1. Отсуство на шум, состојба на молчење. Полноќна тишина. Улична тишина. Неговото длабоко дишење ја наруши тишината во манастирската соба. Радосен вик ја раскина тишината. Ве молам за тишина!

2. (прен.) Состојба без возбудување, мир, спокојство. Во нивната куќа владееше тишината на скромниот живот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Мртва тишина ‒ штама.

Оригинални податоци:

тишина (само едн.) ж. 1. Отсуство на шум, состојба на молчење. Полноќна тишина. Улична тишина. Неговото длабоко дишење ја наруши тишината во манастирската соба. Радосен вик ја раскина тишината. Ве молам за тишина! 2. (прен.) Состојба без возбудување, мир, спокојство. Во нивната куќа владееше тишината на скромниот живот. ◊ Мртва тишина ‒ штама.